ЦЕЛ
- Дефинирање и квантифицирање на потребите и можностите на градежниот сектор во постигнување на националните цели во заштеда на електрична енергија;
- Дефинирање на потребниот број на градежни работници како и нивните вештини кои треба да ги имаат за изградба на енергетско ефикасни и пасивни објекти.
КЛУЧНО
Формирање на работна сила со доволно знаење и специјали-зација во конструкција на енер-гетско ефикасни и пасивни гра-дежни објекти.
Со тоа треба да се обезбеди постигнување на нацио-налните цели за заштеда на електрична енергија.
BUS-MK проектот ги предвидува следните активности и резултати:
- Национална статус кво (status quo) анализа на потоечката законска легислатива во однос на енергетската ефикасност и обновливите извори, како и гап анализа помеѓу постоечката и потребната работна сила и вештини на работниците во градежниот сектор;
- Развивање на национален патоказ (Roadmap) за основање на систем за континуирана едукација на градежните работници на полето на енергетска ефикасност и обновливи извори;
- Основање на национална платформа со институции кои ќе го поддржат остварувањето на националните цели и патоказот(Roadmap) со кој ќе се дефинираат целните групи и квалификации кои треба да бидат вклучени во процесот на доедукацијата;
- Прифаќање и одобрување на националниот патоказ од страна на: 1) невладини иституции 2) владини институции, процес кој ќе биде воден од Управниот одбор на проектот.
НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА КВАЛИФИКАЦИИ
Националната платформа на квалификации е мрежа од контакти и организации кои се активно вклучени во обезбедувањето на компетентна и квалификувана македонска работна сила во градежниот сектор, која е потребна за постигнување на националните цели за зголемување на енергетската ефикасност. Таа е составена од:
- Насочувачки комитет
- Секретаријат
Платформата ќе работи преку:
работни групи и пленарни состаноци.
ПРИДОБИВКИ
- Практично знаење на градежните работници кои ќе имплементираат ЕЕ мерки и градат ЕЕ и енергетско пасивни oбјекти;
- Контрола на квалитет при изградбата на ЕЕ објекти;
- Знаење кое ќе гарантира квалитет на енергетските карактеристики на објектите
КРАЈНА ЦЕЛ
- Зголемување и подобрување на вештините на работниците во градежништвото во делот на енергетската ефикасност и обновливите извори кај сите видови на градежни објекти;
- Дефинирање на новите занимања и квалификации на градежните работници поврзани со ЕЕ и ОИЕ
- Процена на потребниот број на работници за остварување на целите на енергетската политика до 2020 година во градежниот сектор.
{jcomments off}